Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата за Македонија
Европскиот Парламент со 470 гласови „за“, 116 „против“ и 46 воздржани ја усвои резолуцијата за напредокот на Република Македонија, со која уште еднаш се препорачува почеток на преговорите за членство во ЕУ во јуни 2019-та година.

Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата за Македонија, одбиени се сите амандмани, при гласањето за резолуциите за земјите од Западен Балкан нашата земја доби најголема поддршка од европратениците.
Вчеравечер еврокомесарот Хан, во дебатата за Македонија го спореди резултатот од референдумот со исходите на граѓанските гласања во Шавајцарија. Според него, и неуспешен референдум има значење за земјата.
„Во претстојните месеци ПЈРМ ќе мора да направи уставни измени, и спроведување на клучните реформи од друга страна. За доброто на сите граѓани сметам на сите политички сили да го стават интересот на земјата пред сѐ, и исто така и заедничката цел евроатлантската интеграција на земјата. И затоа сите треба да го прифатат резулатот на референдумот. Комисијата во секој случај ќе ги поддржи клучните реформи за да се почнат преговорите за придружување и затоа го повикувам Европскиот Парламент да испрати пораки на охрабрување до земјата, но и до вашите сестрински партии и најважно до сите граѓани на земјата. Конечно Унијата мора да покаже единственост и борба за сопствените фундаментални права и вредности“, изјави еврокомесарот Јоханес Хан.
Грчките и бугарските европратеници бараа, Македонија мора да ги спроведе потпишаните договори.
