Тетово: Средношколци на протест против аерозагадувањето
29.11.2018 13:17
Средношколците ѝ дадоа на градоначалничката Теута Арифи рок од седум дена да донесе мерки и препораки против аерозагадувањето.

Речиси двесте средношколци од Тетово излегоа на протест поради аерозагадувањето. Учениците не присуствуваа на првите часови од наставата и маршираа до зградата на општината.
Оттаму побараа чист воздух и испорачаа барања до локалните власти. Искажаа револт за несериозноста и незаинтересираноста на надлежните, за решавање на еден од најважните проблеми. Средношколците ѝ дадоа на градоначалничката Теута Арифи рок од седум дена да донесе мерки и препораки против аерозагадувањето.
Според истражувањата, 38 насто од смртните случаи во тетовско се предизвикани од загадениот воздух.
