Забрана за користење на водата од струшкиот водовод

29.11.2018 13:46

Утринските анализи покажаа дека матноста на водата за пиење бележи намалување, што беше причина водата од струшкиот водовод да биде прогласена за здравствено небезбедна.

Забраната за пиење на водата од струшкиот водовод останува во сила сѐ до понеделник до кога ќе бидат реализирани испитувањата на сите параметри. Утринските анализи покажаа дека матноста на водата за пиење бележи намалување, што беше причина водата од струшкиот водовод да биде прогласена за здравствено небезбедна.

Поради обилните врнежи и од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, каде на повеќе мерни места е констатирана матност со вредности значително поголеми од законски пропишаната, информираше Центарот за јавно здравје – Охрид.

Овој проблем со години се провлекува. Од „Проаква“ велат дека проблемот се повторува постојано при вакви временски услови, но дека состојбата се следи и соодветно се реагира.