КСС: Нема да дозволиме трансфер на работници од јавниот во приватниот сектор

29.11.2018 14:13

Нема да дозволиме трансфер на работници од јавниот во приватниот сектор, велат во Конфередацијата на слободни синдикати. Оттаму посочуваат, не се согласуваме и со покачувањето на платите за 5 насто, бараат зголемувањето да почне во јануари. Доколку не се исполнат нивните барања, КСС најави протести, не се исклучува и можноста за генерален штрајк.

Нема да дозволиме трансфер на работници од јавниот во приватниот сектор, велат од  Конфедерацијата на слободни синдикати. Оттаму тврдат дека административците работат под притисок и оти стручните кадри заминуваат.

Претседателот Ралповски вели дека нема да дозволи членовите на КСС да останат без работа.

Претседателот на Синдикатот од надлежните побара повисоки плати од 5 проценти, и тоа да важи, не од септември, туку од јануари. Во спротивно, на 15-ти декември почнуваат со протести низ Македонија, не ја исклучуваат можноста и за генерален штрајк.

КСС смета дека К-15 треба да се исплаќа и во јавниот сектор.

 

Викторија Милевска