Светска Банка: Да се создадат услови за растот да забрза
Македонија има потенцијал за повисок економски раст и за зголемување на приходите на граѓаните, треба да се спроведат реформите, укажува Светска Банка. Институцијата од Вашингтон советува да се подобри политичкото опкружување, да се елиминира корупцијата, да се поттикнат стопанството и вложувањето во работната сила...

Македонија има потенцијал да го забрза економскиот раст, политичкото опкружување креира пречки. За да се подобри стандардот, да се намали сиромаштијата, прво мора да се реши корупцијата која ја поткопува довербата на граЃаните во државните институции, порача Светската Банка. Критики на адреса на владеењето на правото, бирократските процедури, судството.
„Проблемот со корупцијата мора да се реши, извештајот насочува на повеќе докази за тоа. Ако се навратиме на политичката нестабилност, недовербата во јавните инстицтуции, корупцијата и другите фактори кои влијаат на довербата на граѓаните, исто така влијааат и на креирање нови работни места. Ако не се реши тоа, нема брз и оджлив економски развој“, вели Марко Хернандез од Светската Банка.
Ако не постигне стапки на раст од пет рпоценти, на македонската економија ќе ѝ бидат потребни неколку децнии да го достигне европскиот стандард.
„Македонија од 2000 година па досега, има просечната стапка на раст од 2,8 отсто годишно. Ако продолжите со таков раст, едно дете родено сега ќе треба да наполни дури 75 години додека земјата се приближи кон стапката на приходи на Европската унија. Но, ако стапките на раст се зголемат на 5 отсто, целта ќе се оствари за 30 години. Затоа треба да се создадат услови за растот да се забрза“, вели Марко Манотованели од Светската Банка.
Според извештајот на Светската Банка, Македонија сега е општество во кое граѓаните имаат средни приходи, но четвртина од населението сега живее во сиромаштија, според класификациите домаќинствата живеат со по пет долари на ден. Потенцијал за раст има, но неопходно е да се зголеми и продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор.
Сега само пет насто од фирмите се извозно ориентирани. На листата невработени, дури 80 насто бараат работно место повеќе од една година, а 70 проценти од нив сѐ уште немаат работно искуство. Светските банкари апелираат да се искористи историскиот момент, влез во НАТО И ЕУ, да не се трошат непродуктивно државните пари, да се подобри наплатата на даноците.
Сузана Фиданска- Стоевска
