Италија

Уапсен маж кој се обидел земе 20 заложници

29.11.2018 16:38

Човекот, кој, според италијанските медиуми, не бил вооружен, упаднал во Центар за развој на кариера, го грабнал прво директорот и го однел во канцеларија заедно со уште 20 ученици.

Најмалку четворица луѓе биле повредени откако 28-годишен маж се обидел да земе 20 луѓе за заложници во италијанскиот град Фиуџи. Италијанските медиуми пренесуваат дека мажот бил уапсен, при што биле повредени еден офицер од карабинерите, двајца полицајци и една жена.

Човекот, кој, според италијанските медиуми, не бил вооружен, упаднал во Центар за развој на кариера, го грабнал прво директорот и го однел во канцеларија заедно со уште 20 ученици.

Напаѓачот, според информациите, имал ментално нарушување на здравјето поради што бил однесен во психијатриска болница.