„Со танц низ светот“ - концерт за најмладите

01.03.2014 10:36

Денеска со почеток во 12:00 часот во Салонот на Македонската опера и балет, Македонската филхармонија ќе приреди Симфониски концерт за најмладата публика. На концертот, кој го носи насловот „Со танц низ светот“, ќе бидат изведени танци од повеќе земји, како: полската полонеза, австрискиот валцер, елегантниот менует, возбудливото мамбо и др. Со оркестарот ќе диригира македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар, а аниматор ќе биде миленикот на детската публика, Мартин Јорданоски, кој ќе ја забавува публиката низ целиот концерт.

Билетите се во продажба по цена од 150 денари на билетарата на Македонската филхармонија во Дом на АРМ.