Шпанија
Мадрид и Лондон потпишаа четири меморандуми
30.11.2018 11:52
Министерот истакнал дека потпишани се четири меморандуми за тутунските производи и други продукти, за правата на граѓаните, за животната средина и за полициска и погранична соработка.

Шпанскиот министер за надворешни работи Жозел Борел изјави дека Шпанија и Велика Британија потпишале меѓусебна согласност околу прашањето за Гибралтар.
Министерот истакнал дека потпишани се четири меморандуми за тутунските производи и други продукти, за правата на граѓаните, за животната средина и за полициска и погранична соработка.
Статутот на Гибралтар е едно од главните прашања, кое сѐ уште не е уредено при преговорите за Брегзит.
