Дамаск
Сирија собори ракети југозападно од Дамаск
30.11.2018 12:05
Неименуван претставник на Армијата соопштил дека одбраната отворила оган врз непријателски цели и соборила неколку од нив.

Сириската противвоздушна одбрана собори неколку ракети над југозападното предградие на Дамаск, Ал Кисва. Неименуван претставник на Армијата соопштил дека одбраната отворила оган врз непријателски цели и соборила неколку од нив.
Според медиумите, ракетниот напад бил изведен од израелски авиони, чија цел биле ирански воени објекти во близина на Дамаск.
