Истанбул
Умерен земјотрес во областа на Мраморно Море
30.11.2018 12:31
Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, особено во азискиот дел на градот.

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во областа на Мраморното Море. Епицентарот бил во Чанарџик, на длабочина од околу 14 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, особено во азискиот дел на градот. Нема извештаи за повредени лица, ниту за предизвикана материјална штета.
