Комеморација за академик Блаже Ристовски во МАНУ
Замина голем државник, патриот, академик. Замина Блаже Ристовски, кој во македонската историја ќе биде запаметен по неговите идеи за независна Македонија, како потпретседател на првата македонска влада во 1991-та година. Тој беше автор на Македонската енциклопедија, прво издание по историјата на македонскиот народ...

Македонија загуби македонист, книжевник, историчар, фолклорист, лектор и академик. Со смртта на Блаже Ристовски изгубивме и патриот и поборник за независноста на татковината. Семејството и колегите од МАНУ, се простија од македонскиот деец.
Академик Ристовски со децении беше собирач на македонското културно наследство, автор на Македонските кружоци од Петроград. Тој е уредник на Првата македонска енциклопедија во издание од академијата на науките и уметностите. Ова врвно дело е прво вакво енциклопедиско издание на македонски по изданието „Историја на македонскиот народ“.
Ристовски ќе остане запаметен како потпретседател во првата македонска влада и човек кој за идеите на независна Македонија беше осудуван во поранешна Југославија. Академикот Ристовски секогаш беше во првите редови за одбрана на државните интереси.
Ирина Гелевска
