Четири преноси за саботно уживање!
Првиот дел од викендот содржи богата спортска телевизиска понуда на програмите на Македонската телевизија. Почнува пролетниот дел од сезоната во Првата фудбалска лига, продолжуваат регионалните битки на нашите екипи на кошаркарските и на ракометните терени.
На отворањето на овој натпреварувалки сегмент од најсилната фудбалска конкуренција кај нас, Работнички ќе го пречека Пелистер. Тоа е дерби на оваа рунда затоа што ќе се сретнат две од четирите водечки екипи на табелата. Преносот е на МРТ Собранискиот сервис од 14 часот.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе и гостуваат на Игокеа во Јадранската лига. Со оглед дека остануваат уште шест меча до крајот на лигашката фаза, секоја победа ќе биде во функција на што подобар пласман. Потфрлувањето во Лакташи е во 17 часот, а преносот е на Првиот канал на МРТ.
Нашите ракометни екипи, пак, ја финишираат сезоната во СЕХА лигата. Вардар ќе му гостува на Нексе, а Металург на Партизан. И на овие пресметки императивот е победнички поради високите амбиции на македонските претставници и во оваа сезона. Ракометните вобудувања на Собраниски ќе почнат во 17 часот со слика од Нашице, а потоа и од Белград.