Сиднеј: Протести против климатските промени

30.11.2018 14:18

Деца, родители и наставници на пладне се собраа во централната деловна област на Сиднеј со барање за оставка на премиерот Скот Морисон.

Илјадници деца ја напуштија наставата во училиштата низ Австралија, во знак на протест поради неактивноста на Владата во врска со климатските промени.

Деца, родители и наставници на пладне се собраа во централната деловна област на Сиднеј со барање за оставка на премиерот Скот Морисон.

Протести се одржаа во Мелбурн, Бризбејн, Перт и на други места откако учениците во главниот град Канбера одржаа протест на почетокот на неделава.