Франција

Макрон бара нови разговори со „Жолтите елеци“

03.12.2018 10:49

Претходната средба беше откажана откако движењето одби разговорот да се емитува во живо.

Францускиот претседател Макрон побара од премиерот Едуард Филип да се сретне со лидерите на најголемите политички партии и претставниците на движењето „Жолти елеци“, кое ги организираа протестите поради зголемување на цените на горивата, со цел да се изнајде излез од актуелната криза.

Претходната средба беше откажана откако движењето одби разговорот да се емитува во живо.

Според полицијата во протестите во саботата биле повредени 133 лица, од кои 23 полицајци, запалени биле шест згради, 130 барикади и 112 автомобили. Во притвор задржани се 378 луѓе, од кои 33 се малолетни лица.