Дурент и Драгиќ – играчи на вечерта!

01.03.2014 14:09

Со триумф над Мемфис со 113-107, Оклахома ја прекина серијата од три порази во НБА лигата. Блесна Кевин Дурент со 37 поени, шест скока и со пет асистенции, а Вестврук даде 21 кош.

Минатата ноќ во професионалната кошаркарска конкуренција долго ќе ја памети и Горан Драгиќ кој оствари рекорд во кариерата со 40 поени. Словенецот го предводеше Феникс до триумф над Њу Орлеанс со 116-104.

Лејкерс се радуваа во дербито на Калифорнија против Сакраменто со 126-122, а Сан Антонио забележа уште една победа во основниот дел од сезоната, вкупно 42-ра, овој пат против Шарлот со 92-82.

***

НБА лига, резултати:

Оклахома – Мемфис 113-107

Феникс – Њу Орлеанс 116-104

Сан Антонио – Шарлот 92-82

ЛА Лејкерс – Сакраменто 126-122

Далас – Чикаго 91-100

Њујорк – Голден Стејт 103-126

Кливленд – Јута 99-79