Втора фаза од уставните измени
Во Собранието усвоени два од четирите нацрт- амандмани на Уставот. Пратениците од владејачкото мнозинство и од опозицијата со веќе познатите ставови за и против промена на името со цел членство во ЕУ и во НАТО...

Законодавниот дом го утврди првиот нацрт- амандман за уставните промени, со којшто името „Република Македонија“ се менува во „Република Северна Македонија“. Доби поддршка од 67 пратеници, 23-ца опозиционери беа „против“, четворица воздржани.
Во жестоката дебата, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Македонија станува нова држава. Шефот на дипломатијата Димитров, пак, посочи дека со ова се поништува називот „Поранешна Југословенска Република Македонија“.
По гласањето, пратениците ја отворија расправата и за вториот нацрт- амандман, со којшто во преамбулата на Уставот, зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат сое „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ“, а се додава и Охридскиот Рамковен договор.
Во втората фаза од уставните промени е потребно просто мнозинство. Потоа ќе следува јавна дебата по што амандманите во Законодавниот дом ќе бидат испратени како предлози.
