Воздухот повторно загаден, потребни се итни мерки
Високо ниво на загаденост. Вредноста на ПМ-10 честичките неколкупати над дозволеното. Граѓаните се жалат дека тоа им штети на здравјето. Во споредба со претходните 2 години има намалување на бројот на загадени денови, тврди заменик- министерот за животна средина Макрадули.

Концентрацијата на штетните ПМ- честички е повторно високо. Граѓаните велат дека тешко дишат, чувствуваат тегоби и мачнина. Бараат да се преземат итни мерки.
Од Министерството за животна средина тврдат дека мерните станици покажуваат делумен напредок и резултати од презмените мерки. И од Град Скопје велат оти има напредок во однос на намалувањето на загаденоста на воздухот.
Минатата година градот прогласи вонредни денови само два пати, поради надминување на праговите на алармирање на ПМ-10 честички.
Синоптичарите со добри вести, за иднава недела најавуваат разведрување и нови врнежи.
Се огласија и партиите. Според ВМРО-ДПМНЕ, власта ништо не прави додека граѓаните се гушат во загаден воздух. Од СДСМ тврдат дека во Македонија како никогаш досега има силна и здружена акција на институциите за чист воздух.
Александра Спировска
