Истрагата ќе покаже кој прислушувал, одговорност мора да има
Премиерот Заев тврди дека е невозможна злоупотреба на снимените телефонски разговори во Обвинителството затоа што навреме било откриено. Остава истрагата да открие кој стои позади скандалот. Шефот на Владата е категоричен дека одговорност мора да има. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерот Спасовски за скандалот со прислушувањето...

Истрагата треба да покаже кој одлучил да се вгради и да се употребува опремата за прислушување на фиксната телефонија во Јавното обвинителство и во Кривичниот суд во Скопје, вели премиерот Заев. Вели, за случајот мора да има одговорност. На прашањето, зошто не се стопирало прислушувањето ако информацијата се знаела од пролетта, првиот човек на Владата одговори оти е тоа е работа на Обвинителството. Тврди дека не е можна злоупотреба на телефонските разговори додека трае истрагата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вели - премиерот Заев не е спремен да ги спроведе реформите во правосудството, но затоа е способен да ги прислушкува, да монтира уреди за предвреме да ги слуша пресудите.
Пред одреден период и во Министерството за правда е набавена телефонска централа. Министерката Дескоска ќе побара МВР да спроведе истрага за тоа каква опрема е набавена.
