Дамаск
Сирија: Коалиција истрела ракети против сириската армија
03.12.2018 11:05
Воени извори истакнале дека при тоа немало жртви, туку само материјална штета.

Властите во Дамаск ја обвинија Меѓународната коалиција предводена од САД дека истрелала ракети врз позиции на сириската армија.
Воени извори истакнале дека при тоа немало жртви, туку само материјална штета.
Нападнатите позиции биле во источна Сирија. Американските војници имаат база во Танф, јужна Сирија, во близина на границата со Јордан и Ирак, како и на север, до границата со Турција.
