Кошарка

Maкедонија остана перфектна во претквалификациите

03.12.2018 11:54

На табелата во групата Б сме на првата позиција, имаме три победи по три кола со максимален ефект од 6 бода (+27). Во следното коло играме на гостински терен против Романија, во февруарскиот квалификациски прозорец (21.02.2018).

Нашата кошаркарска селекција го совлада Косово со 78:68, во рамките на преткваиликациите за ЕП 2021-та година. Најдобар поединец беше Бојан Трајковски со 23 поени и со 13 скока.

На табелата во групата Б сме на првата позиција, имаме три победи по три кола со максимален ефект од 6 бода (+27). Во следното коло играме на гостински терен против Романија, во февруарскиот квалификациски прозорец (21.02.2018).

Првата селекција од претквалификациите ќе се пласира во квалификациите, а за да поминеме сигурно во следниот филтер доволен ни е и пораз со помалку од 14 поени, со оглед на победата против Романците во Скопје (90:76). Три дена подоцна, Косово (0/3) и Романија (1/1) играат во Приштина.


Фото: fiba.basketball