Владата на Мексико ќе го продава претседателскиот авион
Новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој положи заклетва во саботата, претходно изјави дека неговата администрација „ќе ги продаде сите авиони и хеликоптери, кои ги употребувале корумпираните политичари“.

Владата на Мексико соопшти дека ќе го продаде луксузниот претседателски авион Боинг 787 Дримлајнер, кој последен го употребил досегашниот претседател Енрике Пења Нието за состанокот на Г-20 во Буенос Аирес.
Новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој положи заклетва во саботата, претходно изјави дека неговата администрација „ќе ги продаде сите авиони и хеликоптери, кои ги употребувале корумпираните политичари“.
Државниот секретар за финансии соопшти дека наскоро ќе бидат продадени 60 авиони и 70 хеликоптери кои се сопственост на Владата.
