Квалификаците за ЕП 2020, почнуваат и завршуваат – дома
Прва на мегдан ни доаѓа репрезентацијата на Летонија, потоа одиме во Словенија, потоа двапати играме дома – со Полска и Австрија.

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна противниците во битката за пласман на континенталниот собир, ако дотаму не успееме да стигнеме преку Лигата на нациите каде што играме полуфинале.
Прва на мегдан ни доаѓа репрезентацијата на Летонија, потоа одиме во Словенија, потоа двапати играме дома – со Полска и Австрија.
Следуваат мечевите кај Израел и Летонија, дома со Словенија, на гости кај Полска и Австрија и дома со Израел.
Ждрепката беше одржана во Даблин, а најдобрите две селекции од секоја група, одат директно на ЕП.
Распоред на натпревари во групата Г:
21 март - Македонија - Летонија
24 март - Словенија - Македонија
7 jуни - Македонија - Полска
10 јуни - Македонија - Австрија
5 септември - Израел - Македонија
9 септември - Летонија - Македонија
10 октомври - Македонија - Словенија
13 октомври - Полска - Македонија
16 ноември - Австрија - Македонија
19 ноември - Македонија - Израел
