Ракометарките се пласираа во баражот
03.12.2018 12:40
Најдобра во нашиот состав беше Ристовска со 8 гола, Петковска имаше 8 интервенции на голот.

Нашите дами победија и против Турција, со 23:30 (8:13) и обезбедија место во филтерот што води на следното светско првенство.
Најдобра во нашиот состав беше Ристовска со 8 гола, Петковска имаше 8 интервенции на голот.
Имаме три победи од три меча, а противникот во баражот го чекаме по завршувањето на ЕП, кое што е во тек.
Мундијалот се игра наредната година, во Јапонија.
