Вардар повторно победи, Металург повторно загуби, пред вечното дерби

03.12.2018 12:45

Кристопанс постигна 5 гола и беше најдобар стрелец кај Вардар, а Милосављев имаше 11 интеревенции на голот. Во следното коло, македонскиот шампион гостува кај Рајн-Некар Левен, на нашиот репрезентативец Филип Талески.

Црвено-црните (6/1/3) му се реваншираа на Киелце (6/0/4) и во Скопје победија со 28:27, за задржување на втората позиција во групата А, со која би имале полесен пат во елиминациите од ЛШ.

Кристопанс постигна 5 гола и беше најдобар стрелец кај Вардар, а Милосављев имаше 11 интеревенции на голот. Во следното коло, македонскиот шампион гостува кај Рајн-Некар Левен, на нашиот репрезентативец Филип Талески.

Металург загуби во 10-то коло во ЛШ, на гости кај Татран Прешов со 30:24. Екипата од Автокоманда заврши со една победа и 9 порази, се истакна Пучник со 6 гола.

Следен натпревар за двете наши екипи, е меѓусебната пресметка во рамките на СЕХА регионалната ракометна лига (05.12.2018).

 

Фото: Сеха лига