Прилеп

Социјална инклузија на лицата со попреченост

03.12.2018 13:11

Поголема социјална инклузија во општеството, подигнување на свеста, повеќе служби во сите сегменти, финансиска и морална помош за лицата со попреченост. Македонија од 2013-та е потписник на меѓународната конвенција...

Билјана Стојческа од Прилеп е мајка на 13 годишно дете со посебни потреби. Редовно го посетуваат првиот Дневен центар за лицата со церебрална парализа. Неопходна ни се, вели, грижата и помошта на заедницата и на државата.

Во Македонија нема официјални регистри на бројот на лицата со попречености. Според УНИЦЕФ се регистрирани преку 4.230, но неофицијалните бројките се трикратно поголеми, па дури и до 10 насто од населението. Во Прилеп, посебен додаток се исплаќа за преку 550 лица. Македонија е потписник на Конвецијата на правата на лицата со попреченост.

А, креативноста не познава разлики. Асоцијацијата „Ластовица“ го заврши проектот за ликовното изразување на децата со попречености. Си помагаме на секој начин, вели 37 годишната Соња Митреска. Без разлика на сопствената попреченост.

Во Прилеп се два дневни центри и неколку паралеки за лицата со попреченост. В година, ветува градот, сите институции ќе имаат пристапност.

 

Елизабета Митреска