Столтенберг: Спроведување на договорот за името

03.12.2018 13:18

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го поздрави напредокот на Република Македонија, и како што рече, очекува насокоро државава да биде 30-та земја членка на НАТО.

Го следиме напредокот на земјите од Западен Балкан и очекуваме исполнување на реформите за евроатлантско интегрирање, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Го поздрави напредокот на Република Македонија, и како што рече, очекува насокоро државава да биде 30-та земја членка на НАТО.

На Собранието и властите во Скопје е да донесат одлуки, не можам да гарантирам во име на Скопје. Она што го видовме е дека првото гласање каде беше потребно двотретинско мнозинство помина, дали ќе има двотретинско повторно на последното гласање не е на мене да шпекулирам, она што можам да го кажам е дека штом договорот за името е имплементиран ние сме подготвени да го потпишеме пристапниот протокол, изјави Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека штом се потпише пристапниот протокол македонската влада ќе почне да присуствува на министерските состаноци на Алијансата.

Навистина се надевам дека Скопје и народот во земјата ќе ја искористат оваа историска прилика што се случува еднаш во животот, изјави Столтенберг.