Народен правобранител: Само 1% од децата со попреченост одат во градинка

03.12.2018 13:22

Според извештајот од канцеларијата на Народниот правобранител ова е показател за ограниченоста на инклузијата на оваа таргет група.

Само еден насто од децата со попреченост се згрижени во градинките, велат од канцеларијата на Народниот правобранител. Во предучилишните установи недостигаат дефектолози, а најчест изговор е дека нема пари.

Според извештајот од канцеларијата на Народниот правобранител ова е показател за ограниченоста на инклузијата на оваа таргет група. Според нивното истражување, градинките немаат прецизни статистички подадоци, ниту прецизна евиденција за типот на попреченоста на детето, недостасуваат дефектолози како и дидактички материјали неопходни за предвидената програма.

Од канцеларијата на Народниот правобранител препорачуваат да се утврдат потребите на градинките и да се прецизираат нормативи за индивидуална работа со децата со попреченост, како и поголема ангажираност на родителите, не само во предучилишната возраст туку и во опшеството во целина.