Виртуозот на виолончелото Даниел Милер- Шот, солист со Македонската филхармонија

03.12.2018 13:50

Македонската филхармонија повторно го носи виртуозот на виолончелото, Даниел Милер - Шот од Германија...

На претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија насловен „Морски барнови“ кој ќе се одржи на 6 декември во 20 часот, како солист ќе настапи Даниел Милер-Шот, еден од најславните виолончелисти на новата генерација.

Овој амбасадор на музиката на 21-от век, за македонската публика ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 од Дмитриј Шостакович.

Диригент на концертот, за првпат во Македонија, е маестро Румон Гамба од Велика Британија, а оваа вечер ќе бидат изведени и импресивните дела: Четири морски интерлудии од операта „Питер Грајмс“ од Бенџамин Бритн, како и „Море“ и „Потонатата катедрала“, која ќе ја доживее македонската премира, од Клод Дебиси.

Германскиот виртуоз на виолончелото Даниел Милер-Шот се смета за еден од најистаканите претставници на овој инструмент на својата генерација и повеќе од две децении ја воодушевува публиката во светот. „Њујорк тајмс“ го нарече „бестрашен интерпретатор со извонредна техника“.