Израелската амбасада донираше 48 специјални колички за деца
Пет од овие колички ќе бидат распределени на Универзитетската клиника за детски болести, дел ќе одат на Детска хирургија, во Клиничките болници Битола, Прилеп и Штип, во Завод за рехабилитација- Скопје, но и во други здравствени установи низ земјава.
На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Израелската амбасада донираше 48 специјални колички за деца. Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција се заблагодари за донацијата, и заедно со амбасадорот Дан Ориан дел од кличките им ги предаде на Детската клиника во Скопје.
„Предизвиците на Министерство за здравство се да ги отстрани сите видови бариери, за овие лица, да создаде развој и поголема достапност на нови сервиси за поддршка, подигнување на капацитетот на сите институции и нивна поголема вклученост во општеството“, рече министерот Филипче.
Пет од овие колички ќе бидат распределени на Универзитетската клиника за детски болести, дел ќе одат на Детска хирургија, во Клиничките болници Битола, Прилеп и Штип, во Завод за рехабилитација- Скопје, но и во други здравствени установи низ земјава.
„Задоволство ми е што дониравме специјални колички за децата. Веруваме дека ќе им го олесниме секојдневнието“, рече амбасадорот на Израел, Дан Ориан.
Оваа донација е многу важна, бидејќи количките ја олеснуваат мобилноста и движењето на децата пациенти во болнички услови.
