Собранието го усвои и третиот нацрт- амандман на Уставот

03.12.2018 14:11

И овој нацрт-амандман истко како и претходните два се донесе со просто мнозинство, при што беа потрени гласови на 61 пратеник.

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 64-та седница, со 64 гласа „за“, 14 „против“ и двајца воздржани, го утврди нацрт- амандманот за почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката определба на соседите.

И овој нацрт-амандман истко како и претходните два се донесе со просто мнозинство, при што беа потрени гласови на 61 пратеник.

Во Собранието сега продолжува дебата за XXXVI нацрт- амандман и последниот предвиден со уставните измени, а се однесува на иселениците.

Претходно за време на викендот, Собранието ги усвои првите два нацрт- амандмани, со кои се предвидува менување на името Република Македонија со Република Северна Македонија. Потоа, во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ“ и се додава Охридскиот рамковен договор.