Киев

Порошенко ќе ги мобилизира резервистите

03.12.2018 14:31

Порошенко соопшти дека воените резервисти во земјата ќе бидат повикани на обука во рамките на неодамна прогласената воена состојба и дека некои воени единици ќе бидат распоредени во согласност со јакнењето на одбраната на земјата.

Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека воените резервисти во земјата ќе бидат повикани на обука во рамките на неодамна прогласената воена состојба и дека некои воени единици ќе бидат распоредени во согласност со јакнењето на одбраната на земјата.

Истовремено, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека тврдењето на Порошенко дека Русија планира да гради „коридор“ од Донбас до Крим е апсурдно и оти тоа е уште еден обид да се зголемат тензиите меѓу двете земји.

Тензиите меѓу Украина и Русија се зајакнаа по инцидентот од 25 ноември кога Русија отвори оган и заплени три украински бродови под обвинение дека ги нарушиле руските државни граници.