ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски мора да понесат одговорност за прислушуваните разговори

03.12.2018 15:02

Од опозициската партија побараа оставки поради скандалот со прислушувањето во Обвинителството...

Дали Зоран Заев ги има нелегалните прислушувани разговори од јавните обвинители и дали тие биле предмет за уцени врз јавни обвинители и судии, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија побараа оставки.

„Очигледно е дека јавните обвинители, обвинителството, судовите, судиите кои соработувале меѓу институционално биле предмет на надзор, а подоцна и контрола на Зоран Заев. Главното прашање на кое се уште не добивме одговор е дали било кој од овие разговори биле предмет за уцени врз јавни обвинители и судии? Заев со денови бега од одговори на овие прашања. Граѓаните очекуваат Заев да им ги разјасни сите овие работи во кои е вмешана оваа криминогена влада на СДСМ, но исто така во исто време чекаат и оставки и одговорност и тоа веднаш“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија ги повикаа граѓаните на протест на 5-ти декември.