СДСМ: Намалување на казните за 75 проценти
Во владина процедура е новиот Закон за прекршоци...

Казните ги намалуваме и до 75 проценти, воведуваме опомена пред казна, ја менуваме казнената политика во интерес на граѓаните, компаниите и економијата, велат од СДСМ. Во владина процедура е новиот Закон за прекршоци.
„Нема повеќе злоупотреби, самоволие и изживување врз фирмите и граѓаните. Нема веќе „пиштење-вриштење“ и злоупотреби при затворање на фирми, како што се правеше во минатото, од страна на претходната власт. Глобите за физички лица се намалат за 75 отсто. Со измените што ги воведуваме, минималната глоба за физичко лице ќе изнесува 15 евра, а максималната 250 евра, наместо досегашните 1.000 евра“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
За правните лица, за фирмите, при одредување на казната ќе се земе предвид остварениот приход во претходната година, бројот на вработени, како и претходното санкционирање за исти или слични прекршоци. За првпат се прави и градација помеѓу малите, средните и големи претпријатија, што сметаме дека е правично и праведно, велат од владејачката партиоја.
