Само 1% од децата со попреченост се згрижени во градинките
Само еден насто од децата со попреченост се згрижени во градинките, велат од канцеларијата на Народниот правобранител. Во предучилишните установи недостигаат дефектолози, а најчест изговор е дека нема пари...

Градинките не ги нудат потребните услови за прием и оптимален развој на секое дете- смета заменик народниот правобранител, Васка Бајрамовска- Мустава. Само 415 деца со попреченост во развојот или нешто над 1 процент посетуваат установи за предучилишна возраст.
Во извештајот на омбудсманот стои дека од 58 градинки, само во 39 има згрижено деца со попреченост во развојот, но и кај нив се јавува недостиг на квалификувани кадри, дефектолози, дидактички помагала неопходни за предвидената програма. Недостасува механизм за системско идентификување, евидентирање и следење на децата со попреченост од најрана возраст.
Бајрамовска како приоритетни потреби посочи- вработување дефектолози, обуки за воспитувачите за работа со деца до попреченост, подобрување на физичката пристапност до објектите, обезбедување пристапни педагошко- дидактички помагала, нагледни средства и технологија.
Анкетното истаржување утврди и потреба од обезбедување повеќенаменски финансиски средства за овие установи за задоволување на индивидуалните потреби на децата со попреченост, како и измена на правната рамка.
Марина Стојанова- Тонева
