Доха

Катар се повлекува од ОПЕК

03.12.2018 15:26

Одлуката следи откако Катар, најмалиот производител на нафта од сите членки на ОПЕК, но светски најголем извозник на природен гас во течна состојба, ја редифинира својата меѓународна улога...

Катарскиот министер за енергетика Сад Ал Каби најави дека Катар од јануари 2019 година ќе ја напушти организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).

Одлуката следи откако Катар, најмалиот производител на нафта од сите членки на ОПЕК, но светски најголем извозник на природен гас во течна состојба, ја редифинира својата меѓународна улога и подготви долгорочна стратегија, која вклучува фокусирање на сопствената гасна индустрија.

Според властите, одлуката не е поврзана со политичкиот и економскиот бојкот на Катар, што беше наметнат од јуни 2017 година од страна на де факто лидерите на ОПЕК – Саудиска Арабија и уште три арапски земји.