Уставни измени

Собранието го усвои и третиот нацрт-амандман

03.12.2018 15:41

Со 64 гласа „за“, 14 „против“ и двајца воздржани, во Собранието прифатен и третиот нацрт-амандман на Уставот, што се однесува на неповредливоста на границите. Пратениците од владејачкото мнозинство и од опозицијата со веќе познатите ставови за и против договорот со Грција и за промената на името за членството во ЕУ и во НАТО...

Расправата за нацрт- уставните амандмани мина со исто темпо. Опозицијата обвинуваше, власта реплицираше дека ништо не се губи, а се постигнува компромис кој е важен за земјата. Пратениците од ВМРО-  ДПМНЕ сметаат дека трите амандмани се само обичен параван на првиот, со кој се менува името. Власта, пак, со став дека се проведува обврската која претходните влади не можеа да ја решат.

Се решава денцениско прашање кое нѐ води кон подобра иднина, рекоа пратениците од цласта. За опозицијата, амандманите ги напишала Атина и се заштитила самата себе.

Следува јавна дебата за амандманите по што повторно влегуваат во собраниска расправа како предлог, но за нивно изгласување ќе е потребно 2/3 мнозинство.

 

Миле Ристески