Бизнис

Македонските компании недоволно ги промовираат своите услуги и производи кај странските инвеститори

03.12.2018 16:02

Македонските компании да ги зголемат маркетинг активностите, на странските инвеститори да им тропнат со пунудата, тврдат секоја врата ќе им биде отворена. Сорабоката со локалните добавувачи им носи и поевтино и пеофикасно производство. Но, бараат сертификати за квалитет на производот што го купуваат...

Македонските фирми да ги зајакнат маркетинг активностите, странските инвеститори ги охрабруваат со понуда да тропнат на врата, тврдат за соработка ќе им отворат врата сите 130 компании. Но, не отстапуваат од барањето, за бизнис- зделка добавувачите треба да биде сертифицирани, потребни им се стандарди за квалитет со кои треба да гарантираат пред клиентите.

Од Советот на странски инвеститори оценуваат дека во 2018-тата соработката со домашните добавувачи е подобрена, очекуваат да се интензивира следната година.

Анализите покажуваат дека само 37 насто од македонските стопанственици имаат деловна соработка со странските производствени капацитети. Само 30 проценти се снабдуваат со суровини од нашиот пазар, а 61 процент не можат да најдат соодветна опрема и машини.

Сега, во најголем дел соработката е фокусирана во делот на снабдување со електрична енергија, вода, гас, услуги за кои инвеститорите немаат алтерантива од каде да ги земаат.

Со какви проблеми се соочуваат, што постигнале и какви намери имаат во иднина, наскоро ќе обелоденат во новото издание на Белата книга.

Формирана е Асоцијација на странски компании со технолошки напредно производство, а за нејзин претседател е назначен актуелниот директор на „Костал“ и поранешен директор на Дирекцијата за технолошки развојни зони, Виктор Мизо.

Сузана Фиданска - Стоевска