Заев на Самит на ЦЕИ во Загреб
Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Загреб ќе учествува на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива. На самитот ќе учествуваат и премиерите на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Унгарија Виктор Орбан, на Бугарија Бојко Борисов, на Албанија Еди Рама, на Романија Василица Дончила и на Словачка Петар Пелегрини. Најавени се и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и претседателот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабати...

Македонскиот премиер Зоран Заев учествува на самитот на Централно европската иницијатива што се одржува во Загреб. Учествуваат премиерите на Македонија, Хрватска, Унгарија, Бугарија, Албанија, Романија и Словачка, а најавени се и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и претседателот на Европска банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти.
Засега нема потврда дали на маргините на Самитот во Загреб премиерот Заев ќе има средба со неговиот унгарски колега Орбан, на која би станало збор за случајот со екс- премиерот Груевски, кој доби азил во Унгарија.
Синоќа премиерот Зоран Заев во Загреб имаше средби со претседателката Колинда Грабар- Китаровиќ и со претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ.
Како што соопшти владината прес- служба, хрватската претседателка изразила надеж дека Договорот со Грција ќе биде брзо ратификуван во Парламентот и додала дека Хрватска ќе продолжи да ѝ дава техничка поддршка на Македонија во евроатланските интеграции.
Премиерот Заев нагласил дека очекува успешно завршување на процесот во Парламентот со што ќе се овозможи и брзо членство во НАТО, а тоа ќе отвори и почеток за пристапните преговори со ЕУ.
Заев вчера имаше средба со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, на која беше повторена хрватската поддршка за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.
