Лондон

Расправа пред гласањето за планот за Брегзит

04.12.2018 10:56

Соочена со опасноста од неуспех во Парламентот, Меј рече дека ако не биде усвоен нејзиниот план, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор...

Британските пратеници почнуваат дебата за условите за излез на Велика Британија од Европската унија, која ќе трае пет дена, а на 11-ти декември ќе се гласа за иднината на земјата и на премиерката Тереза Меј.

Текстот на договорот сепак предизвика несогласувања меѓу пратениците од сите политички сили – опозициската Лабуристичка партија, проевропската партија Либерални демократи, Шкотската национална партија, Демократската унионистичка партија, северноирскиот сојузник на Меј, како и кај десетици конзервативци, приврзаници на идејата за тврд Брегзит.

Соочена со опасноста од неуспех во Парламентот, Меј рече дека ако не биде усвоен нејзиниот план, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор, а тоа ќе доведе до сериозни последици за британската економија.