Рочишта за „Таргет- Тврдина“ и „Тендери“ во Кривичниот суд

04.12.2018 11:02

Во „Таргет- Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс- директорот на УБК, Сашо Мијалков...

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за „Таргет- Тврдина“ и „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Таргет- Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс- директорот на УБК, Сашо Мијалков, шефот на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од Убк и уште пет други лица од Управата.

Во Кривичниот суд најавено е и рочиште за предметот „Тендери“, каде првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа- Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба. Овој предмет се наоѓа во доказна постапка.