Трамп: Заедно ќе ја прекинеме трката во вооружување
Според Трамп, во Американско- кинеските односи бил направен голем чекор, бидејќи со кинескиот лидер во Буенос Аирес се договориле за одложување на воведувањето нови царини и за финализирање на трговскиот договор со Вашингтон.

Американскиот претседател Трамп порача дека во еден момент заедно со кинескиот претседател Си Џинпинг и со шефот на руската држава Владимир Путин, ќе почнат со преговори за прекин на трката во вооружување.
Нагласи дека САД оваа година потрошиле 716 милијарди долари за војската. Според Трамп, во Американско- кинеските односи бил направен голем чекор, бидејќи со кинескиот лидер во Буенос Аирес се договориле за одложување на воведувањето нови царини и за финализирање на трговскиот договор со Вашингтон.
Претходно, Трамп изјави дека Пекинг се согласил да ги „намали и укине“ сегашните царини од 40 отсто за американските автомобили кои се увезуваат во Кина.
