Уште два патника на мундијалот, еден во квалификациите за ЕП

04.12.2018 11:53

Нашиот северен сосед остана во игра за пласман наследното СП, задржувајќи ја третата позиција во групата Л.

Србија победи со 84:61 во своето најдобро издание во мундијалските квалификации, нанесувајќи му го првиот пораз на големиот ривал и пријател, Грција. Нашиот северен сосед остана во игра за пласман наследното СП, задржувајќи ја третата позиција во групата Л.

Русија ја совлада Чешка со 81:61 и е блиску до пласманот на светското првенство. Во Кина следната година, од групата И веќе се пласираа Шпанија со против Украина 72:68, односно Турција по поразот од Црна Гора 71:66.

Од другите зони на Светската кошаркарска организација, на мундијалот се пласираа уште 5 репрезентации - Нов Зеланд, Кореа, САД, Венецуела и Аргентина. Пополнети се 17 од 32 рекордни места, на следното СП.

Грција и Германија од групата Л, Литванија од грпата Ј, односно Франција и Чешка од групата К, обезбедија место на СП во претходните рунди од европските квалификации за Кина 2019.

Белгијците победија на гостувањето во Португалија со 60:70, со што ја заверија првата позиција во Групата Ц од претквалификациите за континенталниот собир, каде што играме и ние.

Белгија прва обезбеди место во последниот квалификациски филтер за плсаман на следното ЕП 2021, Македонија ја дели еден чекор – победа или пораз под 14 на гостувањето кај Романија во февруарскиот прозорец на ФИБА.

 

Фото: fiba.basketball