Лион

Затворени двајца учесници во протестите во Франција

04.12.2018 11:57

Едниот демонстрант е осуден на 12 месеци затвор, од кои девет условно, а другиот на шест месеци затвор, од кои три условно.

Двајца демонстранти се осудени на три месеци затвор, откако беа уапсени за време на протест на „Жолтите елеци“ во францускиот град Пју Ан Веле, каде беше запалена зградата на локалната префектура.

Едниот демонстрант е осуден на 12 месеци затвор, од кои девет условно, а другиот на шест месеци затвор, од кои три условно.

Вкупно 12 лица се приведени за учество во судири и вандализам. Протестите на „Жолтите елеци“ против зголемување на даноците на горивото се досега најголем предизвик за Владата на претседателот Емануел Макрон.