Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

04.12.2018 12:24

Се одбележува Светскиот ден на волонтерството. Црвениот крст како организација што поседува најголеми волонтерски капацитети во континуитет работи со над 10.500 членови и со 7.500 активни волонтери. Велат дека настојуваат секогаш да бидат онаму каде што е најпотребно...

Во светот има над 17 милиони волонтери. Им помагаат на погодените од  природни катастрофи и конфликти, прават позитивни промени во заедниците, ги мобилизираат хуманоста и ресурсите, секојдневно се справуваат со најразлични предизвици.

Волонтерите го даваат своето време, знаење, искуство и посветеност, без паричен надоместок, само затоа што сакаат да помогнат, рече министерката Царовска.

Волонтерството создава национална солидарност во време на неповолни услови, се прави жртва за доброто на оние кои имаат потреба.

 

Александра Спировска