Детската кардиохирургија се сели во „Жан Митрев“
Договорот е склучен по пат на јавно- приватно партнерство и се очекува да се намали потребата децата да се испраќаат на лекување во странство за вакви интервенции. Дополнително во земјава доколку има потреба ќе доаѓа и тим од странски експерти. За овие операции, Фондот за здравство ќе издвои околу милион евра годишно.

Детската кардиохирургија се сели во болницата на Жан Митрев. Од наредната година кардиохируршки операции кај бебињата и децата ќе се прават во приватната болница.
Договорот е склучен по пат на јавно- приватно партнерство и се очекува да се намали потребата децата да се испраќаат на лекување во странство за вакви интервенции. Дополнително во земјава доколку има потреба ќе доаѓа и тим од странски експерти. За овие операции, Фондот за здравство ќе издвои околу милион евра годишно.
Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев рече дека наместо за некои од тие услуги за лекување деца странство да плаќааат на странска здравствена институција, тоа ќе го прават на нашите здравствени здравствени установи.
„Веруваме дека преку овој проект значително ќе ја намалиме бројката на дечиња кои ги праќаме во странство за овој тип интервенција. Фондот во просек обезбедува милион евра на годишно ниво за здравствени услуги за детска кардиохирургија на домашната клиника. Истовремено во просек испраќаме годишно околу 20 дечиња во странство за кардиоваскуларни интервенции“, истакна Дончев.
Посочи дека кардиохирушките интервенции кои ќе се извршуваат во приватната болница ќе продолжат да бидат на товар на Фондот како и досега. Додаде дека буџетот кои ги издвојува Фондот за оваа намена планирано е да остане на исто ниво како и досега, а долгорочно сакаат ова партнерство да резултира со создавање центар на извонредност.
