43.000 хронично болни бесплатно ќе добијат маски против загадувањето
Министерот Филипче вели дека ова не го решава проблемот, но ќе придонесе за ублажување на последиците од загадувањето во метрополата.

Околу 43 илјади хронично болни ќе добијат маски против аерозагадувањето. Министерот Филипче вели дека ова не го решава проблемот, но ќе придонесе за ублажување на последиците од загадувањето во метрополата.
„Извлековме податоци дека имаме 43.000 хронично болни, а бројката на деца за кои се потребни маски се уште се утврдува. Сега бараме начин како да им ги поделиме маските. Со Министерството за животна средина веќе утврдивме дека маските не го решаваат проблемот, но сепак се некаква форма на заштита“, вели министерот за здравство Филипче.
Тој најави дека ќе настојуваат што побргу да се најде решение и да им се поделат маските на хронично болните и на децата.
