Џафери на распит во Обвинителството за неговиот избор за претседател на Собрание

04.12.2018 12:57

Спикерот Џафери изјави дека како и сите граѓани и тој се одзвал на поканата на Обвинителството и ја извршил својата граѓанска обврска. На новинарско прашање за обвинувањата од страна на здржението од Битола, Џафери рече дека тоа здружение може да каже што сака и дека не е негова грижа и нема потреба да го коментира.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска беше повикан во Обвинителството за организиран криминал за да даде исказ за настаните од 27-ми април. Станува збор за постапка по службена должност, за тоа како Џафери бил избран за претседател на Законодавниот дом, по пријава на патриотско граѓанско здружение од Битола.

Спикерот Џафери изјави дека како и сите граѓани и тој се одзвал на поканата на Обвинителството и ја извршил својата граѓанска обврска. На новинарско прашање за обвинувањата од страна на здржението од Битола, Џафери рече дека тоа здружение може да каже што сака и дека не е негова грижа и нема потреба да го коментира.

Битолското здружение бара да се истражи дали на 27-ми април во Законодавниот дом се случило велепредавство, злоупотреба на службената положба, противзаконско посредување, самовластие и насилство спрема претставниците на највисоките државни органи.

Основното Јавно обвинителство кон средината на ноември информира дека отворило истрага за начинот на кој е избран Џафери за претседател на македонското Собрание.