51-ви Мавровски меморијал

Двојна победа на нордијците од Бугарија

01.03.2014 16:05

На двојниот триумф на патеката Мирна долина на Бистра се радуваа Андреј Гридин и Антонија Григорова – Бургова...

Недостигот на снег не беше причина да не продолжи традицијата на Мавровскиот меморијал. Организаторот на 51-то издание сепак создаде услови за одржување на двете трки на коишто најдобро се снајдоа бугариските нордијци.

На двојниот триумф на патеката Мирна долина на Бистра се радуваа Андреј Гридин и Антонија Григорова – Бургова. Во трката на 10 километри Гридин беше за 36 секунди побрз од Србинот Миланко Петровиќ и 57 од Еди Дадиќ од Хрватска. Меѓу 15-те македонски нордијци од вкупно 46, најдобропласиран беше олимпиецот Дарко Дамјановски кој со речиси две минути задоцнување го освои седмото место.

Од двете главни фаворитки на 5 километри, Григорова имаше 14 секунди подобар резултат од ланската победничка, сонародничката Теодора Малкова и 45 во однос на Ведрана Малец од Хрватска. Македонија ја преставуваа  Росана Кировска која за деветтото место беше четири ипол минути побавна , додека Марија Коларовска која нсатапи на Олимпијадата во Сочи се не ја заврши трката. Утре и во двете конкуренции ќе се одржат трки на пет километри.