Уапсен новиот шеф на сицилијанската мафија, Сетимо Минео
Официјални претставници наведуваат дека 80-годишниот Минео неодамна бил именуван за генерален шеф на Коза Ностра. Претходниот „шеф над шефовите“, Салваторе Тото Рина почина минатата година в затвор...

Италијанската полиција го уапси новиот шеф на сицилијанската мафија Сетимо Минео и уште 45 осомничени мафијаши, со што е зададен, како што рече потпретседателот на италијанската влада Луиџи Ди Мајо- силен удар врз организираниот криминал на островот.
Официјални претставници наведуваат дека 80-годишниот Минео неодамна бил именуван за генерален шеф на Коза Ностра. Претходниот „шеф над шефовите“, Салваторе Тото Рина почина минатата година в затвор, во кој помина речиси 25 години поради издавање наредба за извршување на десетина убиства, вклучувајќи и убиства на познати италијански судии.
