Судство

За реформите, клучна одговорноста на Судскиот совет

04.12.2018 15:14

Претседателот на Судскиот совет, Караџовски не се согласува со предлогот на барање на 25 судии, да се покренува одговорност на член на Советот. На расправата за реформите во судството, ниту експертите ниту пак, судиите не го коментираа прислушувањето на обвинителството...

Рано е да се оценува реформскиот процес во судството, но почнато e со расчитување на одредени состојби. Најважно е што ќе се дефинира одговорноста на членовите на Судскиот совет, сметаат експертите.

Претседателот на Советот, Зоран Караџовски, не се согласува со предложеното решение, кое предвидува со 25 судии од кој било суд да се покренува одговорност на член на Советот.

Материјалниот статус на судиите е важен за реформирано судство. Првиот човек на Здружението на судии, повика на изнаоѓање системско решение за платите на судиите и службениците.

Сахити посочи дека најважна е поединечната одговорност на судиите, бидејќи тие со нивното постапување, на јавноста ѝ покажуваат сѐ за својата работа.

На новинарските прашања, ниту експертите, ниту претставниците на судската власт не се впуштија во коментар за откриените хард- дискови и евентуалното прислушување во Обвинителството.

 

Фиљана Кока